Легендата на Барса по Мундијалот ќе стане селектор!

389

Според „Де Телеграф“, по завршување на Светското првенство во Катар, Роналд Куман на селекторското место во холандската репрезентација ќе го замени Луис Ван Гал. Искусниот стратег пред неколку дена објави дека боледува од рак, и дека наскоро ќе оди во пензија.

На Ван Гал ова му е трет мандат на клупата на Холандија, прво ја водеше од 2000 до 2001 година, потоа од 2012 до 2014 година, си замина по освојувањето на третото место на Светското првенство во Бразил.

Роналд Куман беше без ангажман откако на клупата на Барселона го наследи Чави Хернандез. Легендарниот фудбалер на Барселона, холандската репрезентација ја водеше од 2018 до 2020 година.

ПретходноГвардиола го исмејуваше Атлетико, доби експресен одговор!
СледноСимеоне смирен по поразот од Сити: Борбата продолжува