Екипата на Ливерпул ја совлада Бенфика во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони со 3-1 и дојде до историско клубско достигнување. За избраниците на Јирген Клоп ова беше осми триумф во низа на гостински терен.
Пред Бенфика, Ливерпул ги победи Нотингем Форест (1-0 во четвртфиналето на ФА Купот), Арсенал (2-0) и Брајтон (2-0) во Премиер лигата, Интер (2-0) во Лигата на шампионите, Барнли. (1-0) и Кристал Палас (3:1) во Премиер лигата, како и повторно Арсенал (2:0) за Лига Купот.
8 – @LFC have won eight consecutive away matches in all competitions for the first time in their history. Powerhouse. pic.twitter.com/XNIQ1Xh3fe
— OptaJoe (@OptaJoe) April 5, 2022