ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Бензема го „толчи“ Челзи, Баерн ем губи, ем не шутна на гол (видео)

241

Карим Бензема постигна два гола на „Стемфорд Бриџ“ и Реал Мадрид осигура убава предност од 2:1 против европскиот првак Челзи во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. И двата гола Бензема ги постигна со глава. Првиот беше убава двојна акција со Винисиус, по која Бразилецот нафрли, а Французинот погоди.

Три минути подоцна Модриќ нафрли, а Бензема со глава уште еднаш го матира Менди на голот на „сините“. Во 40. минута Челзи намали. Германецот Каи Хаверц го најде патот до мрежата на Реал и ја врати надежта на својот тим дека може да ги поправи работите после лошите први 25 минути.

А на „Де ла Керамика“ екипата на Виљареал води со 2:0 против Баерн. „Жолтата подморница“ која направи чудо со елиминацијата на Јувентус во претходното коло, сега е пред чудо против Баерн. Во 8 минута погоди Данџума. Во 41 минута Кокелин погоди за удвојување на водството, меѓутоа судијата Тејлор по прегледување на снимка го поништи голот поради офсајд.

 

ПРВИОТ ГОЛ НА БЕНЗЕМА ОВДЕ

ВТОРИОТ ГОЛ НА БЕНЗЕМА ОВДЕ

ГОЛОТ НА ХАВЕРЦ ОВДЕ

ПретходноПартизан, Хајдук, Звезда… на Вардар куп 2022!
СледноМонструозен кам-бек на ТФТ против Академија ФМП