Екипите на Челзи и Реал Мадрид вечерва ќе го одиграат еден од највозбудливите дуели од четвртфиналето на ЛШ. Еден против друг се соочуваат актуелниот освојувач на трофејот и рекордерот по освоени титули.
Минатата сезона двата тима се судрија во полуфиналето. Првиот натпревар во Мадрид заврши 1:1, а во реваншот лондончани победија со 2:0 и продолжија понатаму. Победникот од оваа четвртфинална пресметка во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Атлетико Мадрид и Манчестер Сити.
Карло Анчелоти се уште е нејасно дали ќе го води тимот, затоа што се уште чека негативен ковид-тест. Во негово отсуство, тимот ќе го предводи неговиот син Давид и Абиа Пердомо. Надвор од тимот на Реал Мадрид за натпреварот се Еден Азар, Лука Јовиќ и Иско, но сите тројца и онака играат ретко во текот на сезоната.
Во таборот на Челзи нема кадровски проблеми. Главната неволја за лондончани е поврзана со сопственикот Роман Абрамович, кој е под санкции поради војната меѓу Русија и Украина. Менаџерот Томас Тухел најверојатно ќе ги остави Ромелу Лукаку и Тимо Вернер на клупата.
Во вториот меч вечерва Баерн (М) гостува кај Виљареал. Баварците се фаворити, но тешко дека ќе биде лесно на стадионот „Де ла Керамика“. Во минатата рунда малкумина мислеа дека Виљареал ќе го елиминира Јувентус, но тоа стана факт.
Виљареал и Баерн веќе се сретнале во Лигата на шампионите и тоа пред повеќе од десет години во групната фаза, кога Баварците двапати славеа – 2:0 на гости и 3:1 дома.