Милан во најважниот дел од сезоната остана без Флоренци

76

Дефанзивецот на Милан, Алесандро Флоренци го оперираше левото колено. Според денешните извештаи на италијанските медиумит, тој од терените ќе отсуствува најмалку еден месец.

Италијанскиот репрезентативец изјави дека интервенцијата на менискусот била успешна. Милан не објави кога очекува Флоренци да се врати во игра, но според локалните медиуми тој најверојатно ќе се врати во последните кола од сезоната.

ПретходноДробаров во тимот на колото во Бугарија
СледноАврамовски со гол го донесе Сараево на чекор од финалето на Купот