За Никола Митревски и Порто заврши сезоната во Лигата на шампиони. На реванш натпреварот против Монпеље, тимот на македонскиот репрезентативец беше поразен со убедливи 35-27. Првата средба меѓу овие два тима заврши без победник
Овој меч беше решен по првото полувреме, францускиот тим имаше водство од 19-11, до крајот без проблем го приведе мечот во своја корист.
Митревски натпреварот го заврши со една одбрана.