ПМФЛ: Скопско дерби на Автокоманда, поправен за “пандевци“, прволигашки фудбал во Прилеп…

156

Попладнево на програмата се сите шест мечеви од 26.коло во ПМФЛ. Сите се закажани за од 15 часот освен дуелот на Автокоманда кој е од 13 часот поради ТВ пренос, а се среќаваат Скопје и Шкупи.

Се разбира дека не очекува интересен дуел во оваа скопска пресметка, се разбира дека лидерот е фаворит, но не треба да се заборави дека само пред неколку дена „пиратите“ ја треснаа А. Пандев на нејзин терен.

Инаку “пандевци“ во Велес ќе си ги лечат “раните“ и тоа кај Борец, тим кој пак во минатото коло извади големо реми кај Шкендија.

А таа Шкендија, со Артим Шаќири на клупата ќе мора да се “вади“ и тоа кај Пелистер во Битола.

Интересно и крајно неизвесен дуел би требало да следиме во Прилеп, каде играат Брегалница и Работнички. Тоа значи дека прилепчани по подолго време ќе имаат можност по подолго време да гледаат елите, прволигашки дуел.

Во Тетово домашната Ренова ќе се обиде да ја сопре позитивната серија на Македонија ЃП која не крие дека атакува и преку првенството на евро – сцената.

И на крај, Тиквеш и Струга Трим Лум во Кавадарци би требало да одиграат уште еден квалитетен натпревар.

ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА

БОРЕЦ -А.ПАНДЕВ

ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ

СКОПЈЕ – ШКУПИ (13 Ч)

ПретходноТребаше да бидат најсилниот тим во НБА-лига, сега се мајтапат на нивна сметка!
СледноЛуис Суарез ги воодушеви навивачите на Манчестер Сити (ВИДЕО)