Симеоне смирен по поразот од Сити: Борбата продолжува

85

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше прилично смирено по поразот од Манчестер Сити од 0-1 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Реваншот е на 13 април во Мадрид.

„Тежок натпревар против исклучителен тим кој игра многу добро и постигнува успеси. Манчестер Сити е составен од голем број на индивидуалци, но во исто време е одличен како тим.

Сакавме да ја затвориме играта и да правиме контранапади. Нашиот план проработи пред првото полувреме, па ја променивме шемата. Секогаш можете да смислите нешто подобро. За реваншот мора да се подобриме и да се бориме смирено и скромно. Сити тешко дека ќе го промени стилот“, изјави Симеоне.

ПретходноЛегендата на Барса по Мундијалот ќе стане селектор!
СледноТребаше да бидат најсилниот тим во НБА-лига, сега се мајтапат на нивна сметка!