Вардар одигра реми со Веспрем (31:31) на гости, а поради поразот од првиот меч во Скопје ги заврши настапите во Лигата на шампионите. Капитенот Столе Стоилов изрази благодарност до навивачите кои дојдоа во Унгарија да ги бодрат и покрај тоа што знаеја дека тешко е да се стигне огромната негатива од првиот меч.
„ Сакам да изразам благодарност до нашите навивачи кои дојдоа тука и покрај нашиот пораз во Скопје. Во Унгарија дојдовме со негатива од осум гола, ама со желба да се бориме и да го прикажеме најдоброто. Се надевам дека успеавме да го направиме тоа по вкус на тренерот. Не е лесно вака да се одигра натпревар, посебно кога ќе загубиш со осум гола на домашен терен. Овој резултат може да биде чекор напред за нас во битката на домашната сцена која следи“, изјави Стоилов.
Вардар го очекува битка со Еурофарм Пелистер за шампионската титула. И Пелистер вчера се прости од Лигата на Европа по елиминацијата од Нексе.