Супер деби на клупата на Работнички имаше Стојан Игњатов, кој заедно со својот соработник Вангел Алтипармаковски успеа за само два дена да го „дигне“ тимот кој денеска на гости кај Брегалница да победи со 0:3.
Одлично издание на Работнички, по мечот Тинте Ингњатов за “Спортмедиа“ изјави…
“Секако дека сум среќен, радосни сме сите во клубот по едно вакво издание. Она што побарав од играчите во целост го исполнија. Ова е тој Работнички, ова е вистинскиот Работнички. Два дена им говорам на играчите дека тој дрес што го носат и тоа како тежи, со тој дрес нивните претходници освојувале титули, играле успешно во Европа, и на нив не им личи да бидат на она место каде што се сега. Веројатно тоа беше мотивот навистина да одиграат неверојатно борбено и квалитетно“ посочи Игњатов.