Чави: Играчите на Ајнтрахт се опасни како куршуми, ќе биде тешко

150

Тренерот на Барселона Чави Ернандес е убеден дека следниот противник на Барселона, германски Ајтнрахт Франкфурт е многу опасен тим иако во Бундес лигата го држи деветтото место. Во четврток во Германија двата тима ќе го играат првиот меч од четвртфиналето на Лига Европа.

Атмосферата ќе биде магична. Ајнтрахт е солиден тим со добар тренер. Физички, фудбалерите на оваа екипа се многу силни и летаат како куршуми. Немавме среќа на ждрепката, ќе ни биде тешко. Велат дека сме фаворити, но не би се сложил со тоа. Би било голема грешка ако се размислуваме така. Домаќините имаат одлични напаѓачи како Боре и Камада. Централните халфови им се многу агресивни, а сите знаеме за голманот Кевин Трап. Во Шпанија Ајнтрахт не е толку познат, но тимот е на топ ниво“, вели Чави.

ПретходноДејвис: Ремито со Веспрем многу ни значи
СледноПартизан, Хајдук, Звезда… на Вардар куп 2022!