Даниел Аврамовски со еден постигнат гол ја најави победата на екипата на Сараево во првиот меч од полуфиналето на Купот на Босна и Херцеговина. Неговиот тим славеше со 2:0 на средбата со Игман, но според извештаите на босанските медиуми не блескаше на мечот во кој беше голем фаворит.
Во 28. минута беше досуден слободен удар на 20 метри од голот нагостите. Аднан Шеќеровиќ со прекрасен удар ја погоди гредата, а Даниел Аврамовски беше на вистинското место и ја испрати топката во гостинската мрежа за водство од 1:0.