По денешните натпревари од 26.коло во ПМФЛ и дефинитивно е јасно дека Македонија ЃП, по победата со голот на Алековски во 93.минута кај Ренова, и тоа како сериозно се наметнува во битката за Европа.
“Лавовите“ сега имаа 49 бодови, исто колку и А. Пандев, а два помалку од втората Шкендија. Од овие три екипи само две ќе изборат пласман во квалификациите во Лигата на Конференции.
По блескавите натпревари во изминатите кола, А. Пандев како да го губи здивот. Прво дома загуби од Скопје, за да денеска освои само бод во Велес.
Е, така, не се излегува во Европа.
Секако дека и Шкендија не е сигурна, два бода се во прашање, но тетовци имаат преголем квалитет за да си дозволат таква бламажа, секако дека Артим Шаќири тоа нема да го дозволи.
ТАБЕЛА ПО 26.коло
1.ШКУПИ 62
………………………..
2.ШКЕНДИЈА 51
3.А.ПАНДЕВ 49
……………………………
4.МАКЕДОНИЈА ЃП 49
5.РЕНОВА 37
6.БРЕГАЛНИЦА 37
7.РАБОТНИЧКИ 34
8.СТРУГА ТЛ 33
……………………………….
9.СКОПЈЕ 26
10.ТИКВЕШ 24
…………………………………..
11.БОРЕЦ 15
12.ПЕЛИСТЕР 10