Дробаров во тимот на колото во Бугарија

125

Влатко Дробаров како што е тоа вообичаено сезонава, е сврстен во најдобрите единаесет во шампионатот на Бугарија за изминатото коло. Тој и неговиот тим Черно Море ја декласираа Ботев Враца со 5:0, а покрај одличната дефанзивна партија, Дробаров за малку што не реализираше и со глава, но противничкиот голман ја имаше веројатно одбраната на својата кариера.

Во секој случај Дробаров го доби признанието за одличната изведба изминатиов викенд, што е само континуитет на се што дефанзивецот одигра сезонава.

ПретходноАкадемија Пандев остана без тренер, Стојчев си поднесе оставка
СледноМилан во најважниот дел од сезоната остана без Флоренци