Жоржињо имал кошмари од Македонија, затоа морал да посетува психолог!

321

Иако минаа речиси две недели од Палермо, од оние славни 0:1 за Македонија во полуфиналето од плеј-офот за пласман на СП во Катар, во светските медиуми, а посебно во Италија, тој настан, таа катастрофа на „аѕурите“ и фантастичното издание на “рисовите“ сеуште е тема на прикажување.

Најново е тоа што славниот Жоржињо, кој е актуелен европски шампион, и клупски со Челзи и репрезентативен се уште имал кошмари од тој пораз, имал кошмари од Македонија, па токму затоа морал да посетува и психолог.

Се разбира дека ова е голем комплимент за нашата фудбалска репрезентација.

ПретходноАнчелоти со негативен тест на Ковид-19!
СледноПознат составот на Вардар за реваншот со Веспрем