Ливерпул ја совлада Бенфика со 1-2 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони и дојде до предност пред реваншот на „Енфилд“ следната недела.
Ливерпул ја совлада Бенфика со 1-2 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони и дојде до предност пред реваншот на „Енфилд“ следната недела.
По оваа средба имаше бројни коментари за одлуката на Јирген Клоп да го извади од игра Мохамед Салах, истото го направи и минатиот викенд во Премиер-лигата, против Ватфорд.
Веќе на големо за зборува дека Салах не е задоволен од одлуките на Клоп, кој пак веднаш по завршување на мечот излезе со објаснување.
„Не направив ништо поразлично од она што го правам. Секогаш проценувам дали играчот е подготвен и дали може да одговори во дадениот момент. Доколку мечот е одлучен на некој начин, гледам што подобро да ја распоредам минутажата.
Го разбирам Салах. Минува низ тежок период, но сето тоа е составен дел од фудбалот. Салах и Мане од почетокот на оваа година почесто се на релација африка – Европа, што пак има свое влијание врз играчите“, рече Клоп.
Салах против Бенфика беше заменет во 61. минута, овој викенд ги чека битка со Сити, па можеби Клоп го направи вистинскиот потег пред оваа важна средба.