Крај: Лејкерси елиминирани од трката за плеј-оф, Леброн не можеше да гледа до крај (ВИДЕО)

252

ЛА Лејкерси не успеаја да обезбедат место во плеј-ин турнирот. На гостувањето кај Феникс беа совладани со 121-110 и завршија на 11. место на табелата во Западната конференција. На оваа средба во составот на „езерџиите“ не беше Леброн Џејмс, кој катастрофата на својот тим не можеше да ја догледа, па пред време замина во соблекувалната.

Последната позиција која води во последната надеж за место на плеј-офот му припадна на Сан Антонио, беше подобар од Денвер со 116-97 и покрај феноменалната партија на Никола Јокиќ. Српскиот центар имаше 41 поен и 17 скока, но тоа не беше доволно за триумф.

Индијана – Филаделфија 122:131

Орландо – Кливленд 120:115

Бруклин – Хјустон 118:105

Мајами – Шарлот 144:115

Торонто – Атланта 118:108

Чикаго – Милвоки 106:127

Минесота – Вашингтон 114:132

Оклахома – Портланд 98:94

Денвер – Сан Антонио 97:116

Јута – Мемфис 121:115 (продолжение)

Сакраменто – Њу Орлеанс 109:123

Феникс – ЛА Лејкерс 121:110

ПретходноЛиверпул испиша историја!
СледноГвардиола го исмејуваше Атлетико, доби експресен одговор!