Заврши првото полувреме од првиот меч од 26.коло во ПМФЛ, и тоа на Автокоманда, каде Скопје и Шкупи одиграа 0:0. Интересен, отворен натпревар со по неколку шанси на двете страни. Прво се заканија гостите од Чаир, кои во 4.минута и 17. минута имаа две можности и тоа преку Алварез. За да потоа фудбалерите на Скопје имаа две убави шанси преку Десниќ и Зепата, но нивните удари со глава за малку беа непрецизни.