Шкендија со Шаќири во Битола: Момци, нема веќе зафрканција…

333

Тоа што го најави „Спортмедиа“ уште пред две недели, од вчера е и официјално. Артим Шаќири е новиот стратег на Шкендија, барем до крајот на сезоната. Бруно Акраповиќ е веќе минато за сеуште актуелниот шампион.

Една од нашите фудбалска легенди по цели 9 години одново е на клупата на Шкендија, и ќе мора од себе и од тимот да извади се она најдобро за да клубот излезе на евро – сцената. Титулата е веќе загубена, за тоа е виновен досегашниот стратег, но тоа е веќе минато кое не може да се врати.

Па така денеска во Битола на стадионот „Петар Милошевски“, Шкендија ќе оди на убедлива победа против Пелистер.

Вчера Шаќири го одржа првиот официјален тренинг со тимот на кој покрај другото веројатно им го кажа и следното…

Момци, нема веќе зафрканција, ние сме Шкендија и мораме на секој натпревар не само да одиме на победа, туку и да победиме“…

ПретходноЛуис Суарез ги воодушеви навивачите на Манчестер Сити (ВИДЕО)
СледноВардар по чудо пред околу 6.000 навивачи во Веспрем