Анчелоти откри како масерот го спасил Бензема: Му кажав дека не може да игра!

1038
0

Реал Мадрид со трите гола на Карим Бензема го совлада Челзи на гостински терен со 3-1 и се најде на добар пат кон пласман во следната рунда во ова натпреварување.

Херојот на „кралевите“ пред овој дуел имал проблем. Ја заборавил пропусницата за влез во стадионот, откри тренерот Карло Анчелоти.

„Му реков дека нема да игра вечерва доколку ја изгубил акредитацијата, без неа не може да влезе на стадион. Ситуацијата ја спаси нашиот масер, тој ја пронајде неговата акредитација, сите се смеевме после тоа. За Карим немам што да зборувам многу, тој навистина е фантастичен“, изјави стратегот на Реал.

Бензема оваа сезона на 36 натпревари постигна 37 голови во сите првенства, има и 13 асистенции.

ПретходноТухел: Ова е алармантно, немам објаснување!
СледноВуков му посака добредојде на Лоренцо во пресрет на првиот тест!