Бек на Челзи е голем оптимист: Чекајте, ништо не е решено, има реванш!

94

Централниот бек на Челзи Андреас Кристенсен е оптимист и верува дека Челзи може да го надополни дефицитот од првиот меч на „Стемфорд Бриџ“ (1:3) во дуелот со Реал Мадрид. Данецот имаше лоша вечер, не се снајде покрај Карим Бензема кој реализираше хет-трик, како и против Винисиус кој постојано беше во противничкиот шеснаесетник. Данецот играше во првото полувреме и потоа беше заменет.

Менаџерот на Челзи Томас Тухел веќе го развеа белото знаме и изјави дека шансите Челзи да стигне до полуфиналето практично испариле после поразот во Лондон, но Данецот не верува во тоа.

Мораме да се обидеме да ги завртиме работите во наша корист. Знам дека ќе биде тешко, но мораме да направиме нешто. Уште ништо не е решено. Не бевме на нивото и го знаеме тоа, но немаме што да загубиме на „Бернабе“ на реваншот, одиме таму да одиграме најдобро што знаеме со надеж дека ќе се пласираме во полуфиналето“, изјави Кристенсен.

Поразот од Реал дојде по поразот од Брентфорд со 1:4 исто така на домашен терен минатиот викенд.

Примивме седум гола на два натпревари по ред што не е нормално. Не се работи само за мечот со Реал, туку и за мечот со Брентфорд. Треба да ја стегнеме одбраната што е можно поскоро. Немаме време за анализа, мораме што побргу да заздравиме“, изјави Кристенсен.

Челзи претстојниот викед игра со Саутемптон во гости.

ПретходноУЕФА го потврди новиот финансиски фер-плеј, многу построг од претходниот
СледноПиоли добива 100 милиони евра за летни трансфери