Еуро Никел со убедлива победа над Ангели го потврди пласманот во Суперлигата

79

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 ја оправдаа фаворитската улога во дуелот со последниот на табелата Ангели и победија со 104:72. Гостите беа рамноправен противник само во првиот период, а во следните три домашната екипа беше многу подобра.

За кавадаречкиот тим ова е 14. победа во првиот дел од сезоната и со тоа го потврдија пласманот во Суперлигата. А од која позиција ќе стартуваат ќе се знае по одигрување на преостанатите натпревари од 22. коло, посебно оние во кои играат нивните конкуренти за висок пласман ТФТ и Навико Академија ФМП.

Инаку што се однесува до стрелците на мечот, По 14 поени имаа Самарџиски и Томиќ, еден помалку Караколев. Кај гостите Наумоски имаше 18 поени, а Раме 15 поени. Ангели ќе се спремаат за плеј-аут лигата во која влегува со ефект од 2-20.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Насмевки и во Шкендија!
СледноМногу емоции и солзи: Украински тим заигра фудбал за прв пат од почетокот на војната