Утре со почеток од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ нашата најдобра женска репрезентација ја очекува дуел со Англија, во меч од квалификациите за пласман на СП 2023 година во Австралија и Нов Зеланд. Ова е меч од 7.коло во групата Д. Со оглед на досегашните резултати Македонија нема никакви шанси за пласман, на досегашните шест меча имаме освоено само 3 бода и се наоѓаме на претпоследното место на табелата.
Сепак нашите најдобри фудбалерки посакуваа добра игра, и по можност добар резултат. Англија е огромен фаворит, тука нема дилеми, но исто е јасно е дека Македонија ќе има голем мотиви за една добра фудбалска претстава.
Во пресрет на утрешниот меч, доцна попладнево нашите репрезентативки тренираа на Арената.