Многу емоции и солзи: Украински тим заигра фудбал за прв пат од почетокот на војната

149

Младинската екипа на Динамо Киев го одигра првиот официјален меч на украинска екипа по почетокот на војната со Русија. Тимот во Букурешт го играше одложеното осминафинале на младинската Лига на шампиони против Спортинг Лисабон и загуби со 1:2.

На мечот можеа да се видам солзи и плач кај младите фудбалери на кои не им е лесно да заиграат фудбал по случувањата во нивната татковина. Инаку тие се во главниот град на Романија уште од март. Благодарение на сопственикот на ФКСБ Џиџи Бекали им беше дозволено да тренираат на стадионот на овој клуб.

Сениорскиот машки тим на Динамо исто така тренира во Романија од почетокот на април и се спрема за неколку пријателски натпревари како на пример со Барселона и Пари Сен Жермен, а приходите ќе одат за жртвите во Украина.

ПретходноЕуро Никел со убедлива победа над Ангели го потврди пласманот во Суперлигата
СледноУЕФА го потврди новиот финансиски фер-плеј, многу построг од претходниот