Ерлинг Халанд најверојатно ќе биде во тимот на Борусија Дортмунд за мечот против Штутгарт утре во новото коло од Бундеслигата. Иако не е целосно опоравен од повредата на скочниот зглоб, 21-годишниот напаѓач ќе биде во изборот за мечот. Тој се повреди за време на настапот за норвешката репрезентација пред повеќе од една недела.
„Скочниот зглоб на Ерлинг не е во совршена состојба, но генерално е добар“, изјави за медиумите главниот тренер на Дортмунд, Марко Розе.
Младиот голгетер кој во последните месеци се лекуваше од различни повреди, не одиграл меч во првенството од 22 јануари.