Ајнтрахт со реми патува кај Барса, Бодо ја шокираше и Рома (ВИДЕО)

163

Во најинтересниот меч од 1/4-финалето во Лигата на Европа вечерва, екипата на Барселона остана непоразена на гостувањето во Германија против екипата на Ајнтрахт (Ф) благодарение на голот на Феран Торес во 66. минута. Германците одиграа одличен меч и на самиот почеток на второто полувреме со голот на Кнауф поведоа со 1:0, а само минута подоцна имаа 100% шанса и за 2:0. На крајот Каталонците извадија реми и како фаворити ќе го дочекаат реваншот на „Камп Ноу“.

Брага во меч Ренџерс славеше минимално со 1:0 иако реално имаше многу повеќе од играта и шансите, особено во првото полувреме.

Во конференциската лига на УЕФА, Бодо успеа да направи изненадување на домашен терен против екипата на Рома совладувајќи ја со 2:1. Гостите водеа со голот на Пелегрини, но домашните по една лоша реакција на голманот на Италијанците Руи Патрисио успеаја да се изборат за реми. Во финишот голем пресврт и победа за Норвежаните донесе Фетлесен во 89. минута.

Лестер и ПСВ завршија без голови, додека екипата на Олимпик (М) на реваншот во Грција против ПАОК ќе патува со минимална предност од 2:1. На овој меч беше постигнат еден од најубавите погодоци вечерва, ремек-дело на Дмитри Паје.

ЛИГА НА ЕВРОПА

1/4-ФИНАЛЕ (ПРВИ СРЕДБИ):

Ајнтрајт (Ф) – Барселона 1:1

Вест Хем – Лион 1:1

Брага – Ренџерс 1:0

РБ Лајпциг – Аталанта 1:1

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 

1/4-ФИНАЛЕ (ПРВИ СРЕДБИ):

Олимпик (М) – ПАОК 2:1

Бодо – Рома 2:1

Лестер – ПСВ 0:0

Феенорд – Славија (П) 3:3

ПретходноСудии за ПМФЛ: Ставрев “главен“ на тетовското дерби, Стојчевски на “центарот“ во Ѓорче
СледноПретепан ракометар на Бутел, во болница се бори за живот!