Преубавата фудбалска бајка продолжува. Имено Кристијан Ериксен се чини дека ќе се врати во “својот“ омилен клуб, Тотенхем. Човекот кој што на ЕВРО 2020 едвај беше спасен, па потоа лекарите се бореа за неговиот живот, сега со специјална направа и со релативно добро срце игра одличен фудбал. И за својата Данска и за својот Брентфорд, но тука Ериксен не запира. Последните вести од Островот велат дека за него силно е заинтересиран Тотенхем, клубот каде што играше од 2013 до 2020 година и беше еден од најдобрите. Таму сега е тренер Антонио Конте, кој му беше тренер во Интер, и токму тој го бара Ериксен да се врати во редовите на еден од најголемите клубови во Премиер – лигата.
Ете, бајката на Ериксен продолжува…