Карим Бензема со хет-трик против Челзи во Лондон го донесе кралскиот тим на чекор до пласман во полуфиналето во Лигата на шампиони. Реал Мадрид на првата средба славеше со 3-1.
„Кралевите“ минатата сезона беа елиминирани од премиер-лигашот во полуфиналето во ова натпреварување, а после неполна година Бензема му сервираше ладна одмазда.
„Тоа се тие магични ноќи, какко што беше против ПСЖ. Работите тргнаа добро, од почетокот бевме на ниво на задачата. Бевме добри, се боревме до самиот крај и кога Реал е таков, тогаш е добро за сите“, изјави Бензема.
Додаде дека е среќен за головите, особено за последниот, бидејќи размислувал во кој правец ќе се движи мечот по промашувањата при крајот на првото полувреме.
Реал во вторник на „Сантијаго Бернабеу“ ќе има се во свои раце, може да завери полуфинале во ЛШ, која последен пат ја освои во 2018 година.