Жереми Тото нема да му биде на располагање на Давид Дејвис за дуелот против Бутел Скопје во плеј-офот.
Францускиот ракометар заработи суспензија од Дисциплинската комисија при РФМ за дуелот со Е. Пелистер 2 во Битола.
Според член 114. од Дисциплинската комисија, играч или друг член на тимот кој ќе навреди официјални лица ќе биде суспендиран.
Во претходно коло, Стојанче Стоилов исто беше казнет поради напад на судиите за време на мечот со првиот тим на Е. Пелистер.