Пеп Гвардиола, според многумина е еден од најдобрите тренери во светот, ако не и најдобар. Постојано за стратегот на Сити има шпекулации за тоа каде ќе ја продолжи својата кариера, но една навистина е многу интересна. Имено како што пишува “Марка“, челниците на Фудбалската конфедерација на Бразил и тоа како го посакуваат за селектор на “кариоките“. Имало првични контакти, но се чини дека Пеп тешко дека ќе ја прифати оваа понуда посебно ако се знае дека тој е под договор со пребогатиот клуб од Манчестер.
Инаку Бразилците сакаат Пеп да ја преземе нивната селекторска фотелја веднаш после СП во Катар, значи некаде на почетокот на следната 2023 година.
Сега се чека само на тоа “ДА“ од Пеп Гвардиола.