Дечко имаш пропусница? Ја заборавив…. (ВИДЕО)

1983
Целито свет виде што се случи синоќа во Лондон на првиот четвртфинален меч помеѓу екипите на Челзи и Реал Мадрид, на кој „Кралевите“ со помош на трите гола на Карим Бензема забележаа убедлив триумф.
Фантастичната изведба на французинот, за малку немаше да се случи. Ситуацијата со пропусницата која што ја заборавил пред/загубил пред тргнување од хотелот кон стадионот веќе ја пренесовме, но сега излезе и видео со самиот момент. Бензема лежерно пристгнува заедно со своите соиграчи, а на влезот на Стемфорд Бриџ нормално, сериозно обезбедување кое не пушта внатре без потребен документ.
Како што подоцна се дозна, масерот на Реал Мадрид ја спасил ситуацијата, пронаоѓајќи ја пропусницата на Бензема, но оваа ситуација секако ќе биде запаметена како една од најсмешните поврзани со Бензема.
ПретходноЛазаров ќе прозива во сабота, Македонија комплетна во понеделник
СледноБеланов облече униформа и зема оружје за да ја брани Украина