Лазаров ќе прозива во сабота, Македонија комплетна во понеделник

241

Македонската ракометна репрезентација е на два меча до нов пласман на Светските првенства. На патот до Мундијалот 2023 година стои репрезентацијата на Чешка, добро познат противник за Кирил Лазаров и неговите момци.

За овој бараж двомеч, Лазаров одбра 23 имиња, ќе прозива во сабота (09.04.2022, 18:30 часот) во хотелот „Александар Палас“. Поради обврски кон своите клубови, дел од репрезентативците ќе задоцнат, последни ќе се приклучат „Германците“. Предводникот на нашиот национален тим, комплетниот ростер на располагање ќе го има во понеделник.

Македонија првиот меч го игра на 13. април (20:15 часот) во Злин, реваншот е закажан за четири дена подоцна во Скопје.

Светското првенство 2023 година ќе се одигра во Полска и Шведска од 11. до 29. јануари.

ПретходноВардар 1961 без Тото против Бутел Скопје
СледноДечко имаш пропусница? Ја заборавив…. (ВИДЕО)