“Пандевци“ не му ја прифатија оставката на Стојчев, тој и натаму ќе ја предводи екипата!

160

Ѓорге Стојчев и натаму ќе ја предводи екипата на Академија Пандев. Стратегот на струмичани вчера по ремито со Борец во Велес, јавно поднесе оставка. Но на денешниот состанок на раководството на клубот истата не беше прифатена, а тоа значи дека тој и натаму останува на клупата на “пандевци“…

Почитувани,

На денешниот состанок на Управниот Одбор на клубот беше разгледена понудената оставка од страна на Шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим – Ѓорге Стојчев. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка НЕ Е ПРИФАТЕНА.

Управниот Одбор, сите вработени, како и сите кои на било каков начин се поврзани со клубот целосно ја даваат поддршката на тренерот Ѓорге Стојчев, а убедени сме дека резултатската криза ќе се надмине веќе во наредните натпревари. Решението за назначување на Стојчев за тренер на сенирскиот тим не е случајно и го сметаме за најважна алка во градењето на тимот во иднина“ се вели во соопштението на ФК Академија Пандев.

ПретходноИмаат ли сили за сензација: Нашите фудбалерки тренираа на Арената пред утрешниот дуел со Англија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 26.КОЛО: Максимов ја “секна“ Брегалница…