Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски постигна два гола во победата на екипата на Штутгарт на денешното гостување кај балинген во 27. коло од германската Бундеслига.
Пешевски одигра добар меч и успеа д апридонесе за втората врзана победа на Штутгарт, која полека го оддалечува од црвената зона на табелата. За гостите ова беше седма сезонска победа која го оддржува на 5 бода предност пред Балинген кој се наоѓа на едно од местата кое водат во 2. Бундеслига следната сезона.