Пиоли добива 100 милиони евра за летни трансфери

252

Милан е подготвен да потроши и до 100 милиони евра за летни трансфери. Според „Газета дело Спорт“, ова е сумата што раководството на италијанскиот клуб ја постави како лимит.

Веројатно првиот трансфер на Милан во летниот прозорец ќе биде дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, за кого „росонерите“ ќе платат меѓу 25 и 30 милиони евра.

Уште еден играч на Лил, Ренато Санчес, е цел на Милан. За него ќе треба да платат сума слична како онаа за Ботман, но Милан се обидува да преговара со Лил за да ја намали цената.

За засилување на нападот, Милан сака да го ангажира Џанлука Скамака од Сасуоло, но проблем е што Сасуоло за него сега бара 40 милиони евра.

Евентуалниот трансфер на Скамака не го исклучува потпишувањето на договор со напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, кој на лето ќе стане слободен играч.

ПретходноБек на Челзи е голем оптимист: Чекајте, ништо не е решено, има реванш!
СледноПирова победа на Пик Сегед, Флензбург оди во четвртфинале