Ракометарите на Флензбург се претпоследниот учесник во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони. Германскиот состав вечерва беше минимално поразен на гостувањето во Унгарија против Пик Сегед (36:35), но поради триумфот со 4 гола разлика на првиот меч на домашен терен на крајот обезбеди место меѓу осумте најдобри.
Одличен меч за Флензбург вечерва имаше шведското крило Ване кој мечот го заврши со 9 гола. Победата на Пик Сегед главно ја донесоа Фримел со 6 и Габер со 5 погодока.
Германскиот состав во четвртфиналето на ЛШ ќе се сретне со екипата на Барселона.