Претепан ракометар на Бутел, во болница се бори за живот!

1577

Ракометар на Бутел, тим од нашата Суперлига, е претепан и со тешки повреди во моментов е во болница каде се бори за својот живот. Според порталот „24Ракомет“, кој ја пренесува веста, станува збор за Д.Т.(27 години), кој рано денеска бил примен во болница со тешки телески повреди, бројни скршеници.
Од клубот потврдиле дека станува збор за нивен ракометар, дека состојбата е тешка,но подетални информации не се наведуваат. Сеуште не се знае дали станува збор за тоа како ракометарот ги здобил тие повреди. Сепак се чини дека тој учествувал во тепачка, најверојатно.

Да се надеваме дека со повредениот ракометар се ќе биде во ред.

ПретходноАјнтрахт со реми патува кај Барса, Бодо ја шокираше и Рома (ВИДЕО)
СледноХаланд е „фит“, утре ќе игра за Борусија (Д)