ПСЖ го „среди“ Елверум и закажа четвртфинале со Кил

92

Ракометарите на ПСЖ стигнаа до очекувана победа над Елверум во реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите и со тоа го потврдија своето место во четвртфиналето. Вечерва на домашен терен парижани славеа со 37:30 и не дозволија Елверум да направи ново изненадување, по оние 30:30 на првиот дуел во Норвешка.

Кристопанс и Шипчак со по 7 гола ги предводеа домашните до победа, додека кај гостите Нилсен Мое мечот го заврши со импресивни 10 погодоци.

ПСЖ во четвртфиналето за противник ќе го има германски Кил.

ПретходноРемек-дело на Французинот: „Проектилот“ на Паје за кој ќе се зборува (ВИДЕО)
СледноСудии за ПМФЛ: Ставрев “главен“ на тетовското дерби, Стојчевски на “центарот“ во Ѓорче