Македонскиот репрезенаттивец Стефан Ристовски е во фокусот на вниманието во Хрватска. Неговиот Динамо викендов гостува кај Ријека, неговиот поранешен клуб, во обид да освои бодови, и да ја подобри ситуацијата кога е во прашање освојувањето на титулата.
Овој шампионат дефинтиивно е најнеизвесниот во историјата на фудбалска Хрватска. Четири екипи се во најтесен круг за освојување на титулата и ништо нема да се знае до самиот крај. Динамо е прв со 60. бодови, пред Осијек со 58., Ријека има 55. додека пак Хајдук има 53.
„Добро е што тренерот на последниот наш меч малку ја ротираше екипата, затоа што навистина бев исцрпен од мечевите за репрезентацијата. Сега сум физички и ментално подготвен. Одамна знам дека ако сакаш да си на највисоко ниво, мора да си подготцен да играч меч на секој три, четири дена. Што се однесува до самиот меч против Ријека, ќе биде исклучително тежок. За тој клуб, град, стадион, ме врзуваат прекрасни спомени, но тоа се некои други времиња. Динамо најквалитетниот клуб во Хрватска, тоа мора да го покажеме на терен. Ријека е супер тим, но далеку од квалитетот кога јас настапував и кога ја освоивме титулата. Па ние тогаш на Динамо му „бегавме“ осум бодови. Сега ситуацијата не е таква“ – вели Ристовски.