Руни искоментира, Роналдо возврати …..

698

Вејн Руни одамна не е дел од елитниот фудбал. Тој сега е тренер во Дерби Каунти, но и тоа како е компетентен да прокоментира збиднувања што во Премиер лигата што во Лигата на Шампионите. Особено ако е вклучен тука и тимот на Манчестер Јунајтед, онаму каде што тој го одигра зенитот од својата богата кариера.

Руни беше гостин на специјализираната емисија за Лигата на Шампионите, и на прашањето што мисли околу враќањето на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд, тој искрено го кажа својот став.

„Мислам дека во перспектива тоа е погрешен потег. На Јунајтед му требаат млади играчи, желни за докажување. Роналдо е далеку од она што некогаш бил, иако постигна неколку клучни голови, како и хет трикот против Тотенхем“ – изјави Руни, на што се согласи и другиот соговорник, Џејми Карагер, легендата на Ливерпул.

Руни потоа на социјалните мрежи објави фотографија од самото гостување, а тука настапи Кристијано Роналдо. Под фотографијата објави коментар, кој имаше речиси 60.000 „лајкови“ потоа. Коментарот е сосема краток и едноставен… „љубоморни“….

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wayne Rooney (@waynerooney)

ПретходноУбедлив триумф против Црна Гора
СледноСудиска анализа: Само Шкендија оштетена за пенал во Битола!