Симултанка на Дурент и Дончиќ, познати се сите учесници во плеј-офот (ВИДЕО)

172

Бруклин се врати од дваесетина поени минус и го доби градското дерби со Њујокр, славеше со 98-100. Триото, Дурент, Брукс и Ирвинг ги предводеше Нетс. Дурент постигна 32 поени, 10 скока и 11 асистенции, додека пак Брукс и Ирвинг имаа по 24 поени.

Бруклин во петок вечер ги дочекува Кавс, ако го добијат овој дуел и слават против Индијана во последниот меч, ќе завршат на седмото место на табелата.

Далас го доби 50. натпревар сезонава. Лука Дончиќ го предводеше својот тим во убедливиот триумф против Детроит од 113-131. Словенецот зад своето зад своето име запиша 26 поени, 14 скока и 8 асистенции.

Детроит – Далас 113: 131
Њујорк – Бруклин 98: 110
Атланта – Вашингтон 118: 113
Чикаго – Бостон 94: 117
Јута – Оклахома 137:101
ЛА Клиперс – Феникс 113:109

Од Западната конференција во плеј-офот сигурно одат: Феникс, Портланд, Мемфис, Голден стејт, Далас, Јута, додека двата меча на Денвер и Минесота ќе дадат одговор кој ќе оди директно во плеј-офот, кој во плеј-ин. Во плеј-ин се ЛА Клиперс, Њу Орлеанс и СА Спарс.

На истокот се е јасно. Во плеј-офот се пласираа Мајами, Бостон, Милвоки, Филаделфија, Торонто и Чикаго, а за две места преку плеј-ин ќе се борат Кливленд, Атланта, Бруклин и Шарлот.

ПретходноБензема по хет-трикот: Ова се магични ноќи, исто како против ПСЖ!
СледноТухел: Ова е алармантно, немам објаснување!