Реал Мадрид со 3-1 го совлада Челзи во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони на „Стенфорд Бриџ“ и се најде на чекор до полуфиналето. Иако победата е убедлива, сепак и натаму постојат шанси за реванш на „Сантијаго Бернабеу“.
По вчерашниот пораз, Томас Тухел го прашаа дали имаат шанси за место во полуфинале. Тој беше искрен.
„Со ваква игра не. Мораме да се пронајдеме, не знам што се случи по репрезентативната пауза. Во пет дена примивме сум голови. Ова е аларамантно. Не може да очекуваме добар резултат по една ваква изведба. Бевме далеку од потребното ниво. Се обидвме да играме во нова формација. Го уништивме мечот со голем број на грешки. Никогаш не е прашање на еден или повеќе играчи. Тоа е на сите, вклучително и мене.
Ја изгубивме формата и острината. Од репрезентативната пауза не изгледаме еднакво. Немам објаснување за тоа. Имавме победничка низа, но во првото полувреме не беше добро“, рече Тухел.