Швајцарците направија радикална промена на шампионатот

459

Челниците на швајцарската фудбалска лига изгласаа радикални промени во системот на натпреварување кои ќе стапат на сила од сезоната 2023/24, а во која ќе има два клуба повеќе наместо сегашните 10.

Како беше до сега. Моментално играат 10 екипи и тоа во четирикружен систем, нема лига за титула, нема ни лига за опстанок, а само последната директно испаѓа во понизок ранг, додека претпоследната игра плеј-оф со второпласираната од втората лига.

По новиот систем, лигата ќе има 12 клубови и ќе се играат три фази. Прво екипите ќе играат дома и гости, а после 22 коло ќе стартува втората фаза во која ќе се разигрува за титула и за опстанок. Освоените бодови од првата фаза ќе се пренесат во другата, а потоа ќе се одиграат по 10 кола во двете лиги по што повторно нема да се знае шампионот затоа што на крајот ќе се играат плеј-оф натпревари.

Првите две екипи, независно од бодовната разлика, ќе играат директно еден или два меча за шампионската титула што значи дека во случај првопласираниот после 32 кола да има огромна бодовна разлика може да остане без титула.

Двете првопласирани ќе осигураат место во Европа, а за уште едно европско место ќе разигруваат преостанатите четири екипи од лигата за титула односно првите четири од лигата за опстанок.

А петтата екипа од лигата за опстанок ќе разигрува со второпласираната екипа од Втората лига за опстанок во елитата, додека најлошата екипа на табелата директно оди во понизок ранг.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 26.КОЛО: Максимов ја “секна“ Брегалница…
СледноФОТО НА КОЛОТО: Насмевки и во Шкендија!