Аталанта непоразена во Лајпциг, Славија (П) во 94. минута извлече реми во Ротердам (ВИДЕО)

73

Лајпциг и Аталанта одиграа 1:1 во првото четвртфинале во Лигата на Европа. Вечерва во Германија, гостите со голот на Луис Муриел први дојдоа до предност во 17. минута и успеаја истата да ја задржат се до 58. минута, кога домашните добија пенал.

Иако Андре Силва во прв обид не успеа да го реализира ударот од 11. метри, неговиот пропуст го поправи Орбан кој на домашните им донесе ветувачко реми пред реваншот во Бергамо.

Во првиот четвртфинален меч од УЕФА Конференциската лига, во вистинска драма со два пресврти на крајот немаше победник. Феенорд на дуелот со Славија Прага поведе преку Синистера во 10. минута, но Чесите приготвија пресврт за 2:1 со головите на Олајинка (41’) и Сор (67’).

Домашните не се предадоа, па најпрво Сенеси во 74. минута погоди за 2:2, додека Кокчу по една голема грешка на гостинскиот голман во 86. минута го донесе составот од Ротердам до водство од 3:2. Во моментите кога се чекаше крај, Траоре успеа да погоди за Славија и да го затвори мечот со конечни 3:3.

ПретходноПирова победа на Пик Сегед, Флензбург оди во четвртфинале
СледноПешевски со два гола за многу важна победа на Штутгарт