Елмас: Жалам што Италија нема да игра на Мундијалот!

173

Нашиот Дијамант, нашиот Елиф Елмас полека, но сигурно станува некој и нешто во фудбалска Италија. По се она што се случи во баражот за пласман на СП во Катар, по онаа трагедија за Италија а фантазија во Палермо за нас, нормално дека медиумите во Италија покрај другото го прашаа Македонецот за тоа што тој мисли за тоа дека „аѕурите“ нема да играат на Мундијалот.

За сите нас, за Македонија таа вечер во Палермо, таа наша победа беше како победа од сопништата. Јас не играв на тој меч, но секако дека е сон да се победи селекција како Италија. Јасно е дека Италија заслужува да игра на СП и јас жалам што нема да ја гледаме на Мундијалот. Имам многу пријатели овде во Италија, знам што значи за нив репрезентацијата. Исто така јасно е дека Италија одигра добро против нас, но реално во фудбалот не победува секогаш подобриот“ посочи Дијамантот.

ПретходноРистовски: Динамо секако е најдобар, но ова е најнеизвесното првенство на Хрватска
СледноБајката продолжува: Ериксен се враќа во Тотенхем!