Кога на една Брегалница ќе и дадеш два убави гола, кога ќе одиграш екстра квалитетно, веројатно најдобро откако го носиш дресот на Работнички, а твојот тим победи како гостин со 0:3, тогаш јасно е дека Методиј Максимов е играч на 26.коло кое се одигра вчера.
Максимов беше творецот на оваа убедлива победа на својот тим, максимално борбен и ефектен кога станува збор за реализацијата. Посебно убав беше вториот гол кој го постигна по само десетина секунди од второто полувреме. Од Работнички во тимот на колото се и Бојан Илиевски и Арбин Зејнулаи. Тука се и Христијан Стевковски, Сефер Емини и Филип Алексовски од Македонија ЃП, овој последниот го даде победничкиот гол во 93.минута на дуелот со Ренова. Во тимот на колото се и Маневски (Шкендија), Ѓорѓевиќ (Борец), Зепата (Скопје), Каракамишев и Спахиу (Тиквеш).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МЕТОДИЈ МАКСИМОВ
Тим: Работнички
Роден: 20.08.2002 во Кочани
Кариера: Работнички