Репрезентативецот Даци со десетти погодок за Вестерло во Про лигата

160

Македонскиот репрезентативец Ердон Даци вечерва стрелаше за Вестерло во победата над Мускрон во гости со 6:2 во рамките на Про лигата, втората по ранг во Белгија. Вестерло славеше убедлива победа што е нивна 17-та оваа сезона и е убедливо прв на табелата.

Даци го постигна голот за водство на својот тим со 4:1 во 57. минута. Инаку тоа е десетти погодок на нашиот напаѓач во првата сезона во белгиската Про лига кој го става на третото место на листата на стрелци, зад Мертенс од Дензе и Мадернер од Беверен кои имаат по 12 гола.

Да потсетиме тој претходно играше за турски Коњаспор, а беше дел од националниот тим за мечевите со Италија и Португалија во плеј-офот за СП 2022 но не се најде на теренот.

 

ПретходноОдложен дуелот меѓу Вардар и Бутел
СледноЖенскиот национален тим прими десет гола од фаворитот Англија (ФОТОГАЛЕРИЈА)