Јокиќ го однесе Денвер директно во плеј-офот (ВИДЕО)

144

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со дабл-дабл ефект го доведе Денвер до убедлива победа над Мемфис со 122:109 и со тоа за својот тим обезбеди директен пласман во плеј-офот.

Иако на почетокот на мечот беше удрен со лакт во лицето, тој успеа да го продолжи дуелот со црвена лента на главата, па за 35 минути на теренот постигна 35 поени (16/24 од игра), имаше 16 скока и шест асистенции, со четири украдени топки и една блокада.

Со овој настап, српскиот кошаркар влезе во историјата на НБА лигата, бидејќи стана првиот играч кој во регуларниот дел од сезоната има најмалку 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции. Нагетси, пак, со оваа победа обезбедија директен пласман во плеј-офот, со 44 победи и 33 порази, додека Мемфис има скор од 55 победи и 25 порази.

Кошаркарите на Голден Стејт ја постигнаа третата последователна победа бидејќи беа подобри од ЛА Лејкерс со 128:112. Во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната, Клеј Томпсон ги предводеше Вориорси до победата со 33 поени, а Џордан Пул постигна 19 поени и 11 скока.

Во тимот на Лејкерс, кој настапи без Леброн Џејмс, Расел Вестбрук и Ентони Дејвис, се истакна Тејлон Хортон-Такер кој постигна 40 поени. 

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Орландо 128-101

Милвоки – Бостон 127-121

Торонто – Филаделфија 119-114

Минесота – Сан Антонио 127-121

Њу Орлеанс – Портланд 127-94

Денвер – Мемфис 122-109

Голден Стејт – ЛА Лејкерс 128-112

ПретходноРодителите на претепаниот хрватски ракометар се на пат за Скопје, не знаат што се случило
СледноНа повидок скандал: „Шпигел“ тврди дека Манчини во Сити земал плата „на црно“