Братот на Тот стави крај на шпекулациите: Денис почина од срцев удар

377

Братот на починатиот ракометар на Бутел, Борис Тот се огласи преку социјалните мрежи ставајќи крај на постојаните шпекулации околу причините за смртта на 27-годишниот Денис Тот. Претепан до смрт или починал од срцев удар, тоа беа двете прашања во текот на денешниот ден.

Им благодарам многу на господата новинари на ‘професионално’ завршената работа. Може да се срамите поради пласирање дезинформации во јавноста и ширење лаги. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачки и останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден… Срамота на туѓа несреќа да се гради публиците!!!“, напиша Борис Тот на својот фејсбук профил.

ПретходноЊукасл победи после трите едноподруго порази (видео)
СледноЛука Дончиќ заработи суспензија во нов одличен меч (ВИДЕО)