Во недела во Премиер – лигата се игра големото дерби, во кое се среќаваат гигантите Манчестер Сити и Ливерпул. Двете веројатно во моментов најдобри екипи во светот. Вистински земјотрес ја “тресе“ Англија, сите се свесни дека овој дуел веројатно ќе каже кој ќе биде шампион во најсилната лига во светот.
Јирген Клоп, стратегот на Ливерпул прво кажа дека неговиот колега Пеп Гвардиола е најдобриот тренер во светот.
На ова Шпанецот прво му се заблагодари на Германецот, за да потоа да каже…
“Му благодарам на Клоп за комплиментите. Секако дека не станав тренер да бидам најдобар. Благодарам, ама не сум најдобар. Би сакал да кажам дека сум најдобар, ама не сум. Инаку ривалството меѓу Сити и Ливерпул во последните пет години е налик на она меѓу Ѓоковиќ, Надал и Федерер. Секогаш ќе ги паметам дуелите со Ливерпул. Факт е дека Јирген го прави фудбалот да биде подобро место за живеење“ рече покрај другото Пеп Гвардиола.